Програмата со гала премиери во киното Милениум на Фестивалот на европски филм Синедејс продолжува вечерва во 17.30 часот со проекцијата на „Двојни животи“ во режија на Оливер Асајас и со оскаровката Жулиет Бинош во главната улога.
Во филмот приказната се врти околу Алан, успешен париски издавач, и Леонард, еден од неговите долгогодишни автори, одбиваат целосно да го прифатат денешниот свет на модерна дигитализација. Кога ќе се сретнат за да разговараат за новиот ракопис на Леонард, уште еден роман на автофикција, која ја опишува неговата љубовна врска со не толку значајна славна личност, Алан е принуден да му каже на својот пријател дека неговата книга е премногу демоде за да биде издадена, и покрај тоа што Селена, сопругата на Алан, е убедена дека таа е најдоброто дело на Леонард досега.
Од 20 часот игра „Дивата круша“ на еден од најреномираните европски режисери Нури Билге Џејлан, во кој македонски партнер е „Сестри и брат Митевски продукција” на Лабина Митевска.
Враќајќи се дома по дипломирањето, Синан одново мора да влезе во тешката семејна ситуација, со татко што е нервозен и тврдоглав и чијашто зависност од коцкање сосема ги има истенчено нервите на мајка му и сестра му. Тој се бори да се преориентира во семејната динамика, истовремено обидувајќи се да се соочи со следната фаза од неговиот живот. Планира да стане учител како татко му, но прво сака да заврши еден експериментален роман. Потрагата на Синан по значење и насока претставува основа за голем број долги и длабоки разговори, кои ја формираат емотивната и интелектуалната рамка на „Дивата круша“.
Во 23 часот е проекцијата на „Суспирија“, римејк на култниот италијански хорор на Дарио Арџенто, овојпат во режија на Лука Гвадањино.
Темнина создава вител во центарот на една светски позната танцова компанија, кој ќе ги зафати уметничката директорка, една амбициозна млада танчарка и една психотерапевтка што тажи. Едни ќе се препуштат на кошмарот. Други, пак, конечно ќе се разбудат.
Во Младински културен центар (23 часот) за првпат во Скопје ќе настапи американското експериментално хип-хоп дуо „Шабаз паласес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст