Актерката Јелена Јованова, која престојува во Загреб поради телевизиски ангажман, го привлекува вниманието на медиумите на секој чекор. Таму велат дека таа е вистинска ѕвезда. Ја следат кога е на прошетка низ Загреб, гостува во телевизиски емисии…
Таа ја игра главната улога во новата хрватска серија, а македонската публика имаше можност да ја види Јованова во ревијалниот дел на финалната емисија на шоуто „Танц со ѕвездите“, каде што беше една од учесничките, но и дел од фаворитите.
Актерката при крајот мораше да се откаже од учеството поради службено патување во Лондон, кое во наредниот период треба и официјално да ѝ донесе нови ангажмани кои се однесуваат на 2014 година.
Јелена Јованова ѝ стана позната на пошироката светска јавност по ангажманот во режисерското деби на Анџелина Џоли, „Во земјата на крвта и медот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.