| четврток, 6 декември 2018 |

Ако си против промена на името и уставот на Република Македонија, ќе бидеш таму – 18 ноември во 18 часот пред Собрание

Сите што се пријавија за превоз ќе бидат контактирани и имаме обезбеден превоз.

Оние кои не се пријавија а сакаат да присуствуваат дојдете на местата кои се посочени и доколку има место во некој автобус ќе бидете вклучени.

Доколку нема место Ве замолуваме да се организирате во групи од 4-5 доколку е можно и со возило заеднички да се упатите кон Скопје.

Не заборавајте ТЕЛЕФОНИТЕ НА ГОТОВС и снимајте FACEBOOK LIVE и споделувајте, ако ве блокираат!

2 дена до ГОЛЕМИОТ ПРОТЕСТ во Недела, 18-ти.
Ако си против промена на името и уставот на Република #Македонија ќе бидеш таму.

Во согласност со ПРОГЛАСОТ на #Бојкотирам уставни промени се организира натпартиски и сенароден протест за да го спречиме генерацискиот грев и да ја зачуваме Република Македонија за идните поколенија.

#Бојкотирам уставни промени е народна побуна против легитимизацијана историското предавство преку нелегално и фингирано 2/3 мнозинство за промена на уставот на Република Македонија, кое делува спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на30-ти Септември.

Бараме:
– Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.
– Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.
– Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.
– Трајна заштита на името на државата, Македонија.
– Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top