| четврток, 6 декември 2018 |

По чии стапки тргна овој убавец?

Дека крвта не е вода зборува и фактот дека осумнаесетгодипниот Алексеј првпат се појавува на големото платно како средношколец седнат во клупа, исто како што и неговиот татко го гледавме во истите сцени, како бунтовниот Боба Попадиќ во „Подобар живот“.
Алексеј Бјелогрлиќ е син на Драган Бјелогрлиќ, кој тргна по стапките на татка си и се појави во серијата „Жигосани во рекетот“, чијшто режисер и комнпетен автор е токму милениот на ексју публиката.

-Алексеј во „Жигосани“ доби мала, но впечатлива улога на ученик кој шмекерски ѝ пркоси на професорката. Се уште е млад, полн со ентузијазам, па Драган го вработи за да си заработи пари за на летување. Малиот Бјела цело лето ѝ помагаше на екипата за да заработи за џепарлак, раскажува за Курир член од екипата која работела на филмот.

Сепак, Алексеј е повеќе заинтересиран за продукција одошто за глума.

Прва улога на Алексеј е малиот Тирке во „Монтевидео“. На театарска сцена малиот Бјлеа играл, повторно во парче режирано од Драган, во „Добро памтам на се“, претстава на Народниот театар по повод 70 години постоење на фудбалскиот клуб Партизан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top