| четврток, 6 декември 2018 |

Бојаџи бојкотира: Ова се фашисти кои ќе се закануваат, ќе плашат и ќе сеат страв! Ќе извадат полиција и војска на улица!

Режисерот Јани Бојаџи повика на протестот што ќе се одржи утре пред Собранието на Република Македонија во организација на движењето Бојкотирам.
„Останете фокусирани! Не дозволувајте да не расејуваат со шарени пеперутки кои ги пуштат да прелетуваат пред нашите очи. Тоа е нивната крајна цел. Да не гледаме како не демонтираат. Знам дека сме на седативи па не чувствуваме болка. Ама можеме и мораме да гледаме како го прават тоа. Не вртете ја главата! И најладнокрвниот убиец не сака да му се види лицето. Гледајте ги! Покажете им дека знаете кои се и што прават. Нека им трепери раката на секое замавнување. Борете се. Спротиставувајте се на секој можен начин. На улица. На работа. Во институции. На социјални мрежи. Уморете ги! Тоа е нивната најслаба точка. Тоа се муфљузи неподготвени да сработат до крај ниту една работа! Тие постојат само затоа што постоиме ние. Ако не нема нас ќе нема на кого да глумат држава и власт. Или да заминеме сите до еден, или да се бориме до крај! Не лутете се на тие што ќе заминат. Не може секој да ја издржи ова неизвесност. Ова се фашисти кои ќе се закануваат, ќе плашат и ќе сеат страв! Ќе извадат полиција и војска на улица. Ќе апсат за кажан збор! Но сосема е јасно. Се што почнува со кич – ќе заврши со крв! Таков е фашизмот. Ќе се урниса во својата немоќ. За тие што ќе останат, ова ќе биде долга, болна и неизвесна борба. И никој не вели дека ќе биде лесно. Но, и најтивкото говорење започнува со првиот гласен збор: протестирам!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top