| четврток, 6 декември 2018 |

Од ноќеска снег, денеска дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет. На планините во западните делови ќе се формира снежна покривка. Tаму снег паѓа од ноќеска.

Утринската температура ќе биде во интервал од минус четири до пет степени, а дневната од нула до десет степени.

Викендов времето ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Нов влажен бран со пообилни врнежи, претежно од дожд, се очекува во вторник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top