Фејсбук беше предмет на многу критики во последниве месеци, главно поврзани со начинот на чување на личните податоци на корисниците. Компанијата беше хакирана неколку пати од почетокот на годината и е дел од големи истраги од страна на регулаторите на ЕУ. Но, ова не се нејзините единствени проблеми, бидејќи социјалната мрежа се обидува да се бори и против лажните вести и дистрибуцијата на навредливи содржини на профилите. За да се спротивстави на ваквите практики, Фејсбук користи специјални алгоритми и голем тим од луѓе кои ги следат и блокираат сметките кои ги кршат правилата на платформата. Врз основа на овие правила помеѓу април и септември 2018 година, Фејсбук избриша 1,5 милијарди лажни профили. Ова е значително зголемување во однос на истиот период минатата година, објави „НекстВеб“. Во вториот квартал се избришани 800 милиони кориснички сметки, а во третиот се блокирани уште 754 милиони. Во периодот јануари- март годинава биле избришани 534 милиони профили. Ваквите практики го подобруваат квалитетот на содржината и успешно го запираат ширењето на спамови на социјалната мрежа. – Фејсбук ќе продолжи да биде доста агресивен во решавањето на овој проблем, тврдат извори во компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст