| четврток, 6 декември 2018 |

Лепа Брена цела ноќ се „гушкала“ со веце-шолјата

Фолк-пејачката Лепа Брена меѓу своите колеги важи за некој што не ужива во алкохол, меѓутоа, и нејзе и’ се случило да претера и да и’ се слоши. Како што самата раскажа, не знаела каде се наоѓа и одвај чекала да си легне.

„Не сакам жестоки пијалаци. Се сеќавам дека бевме некаде, ми дадоа виски и постојано ми досипуваа. Кога пиете една пијачка, тогаш го пиете само тоа. Никако не смеете да мешате. Мене ми измешаа две-три виски. По еден час се’ заврши со приказната дека одам во тоалет, каде што цела ноќ се гушкав со веце-шолјата“, искрена беше Лепа Брена за „Блиц“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top