| четврток, 6 декември 2018 |

Еве како чевлите влијаат на интезитетот на женскиот оргазам


Ако не можете да доживеете оргазам или тој не е толку интезивен како што бил некогаш, не го обвинувајте својот партнер туку вашите омилиени чевли!

Италијанскиот уролог Др Мариа Черуто во својата неодамнешна студија докажала дека средно високите потпетици допринесуваат за подобар облик на ногата и јакнење на карличните мускули,кои се дирекно поврзани со постигнувањето на оргазам кај жените.

Таа утврдила дека жените кои носат чевли со потпетица до 4 сантиметри имаат слично држење како и оние кои носат ниски чевли.Заклучено е дека тогаш мускулите на карлицата се во состојба на зајакнување и подобрување на нивната способност за контракции, што е многу важно една жена да доживее оргазам.

Што е со високите потпетици? Многу чевли кои се на високи штикли (преку 10 сантиметри) дизајнирани се така што женското тело и карлицата се постојано во позиција слична на онаа пред која жените доживуваат оргазам. Високите потпетици токму поради тоа влијаат на стеснување на карлицата што може да биде проблематично и може негативно да се одрази на постигнувањето на оргазам при интимните односи.

Како што објасни Др Фроберг, гинеколог и ко-автор на книгата Vagina: A New Biography:“Оргазмот е обично како забрзување од нула до 60. Ако сте вие веќе на 55(поради високите чевли), никогаш немата да имате потполно доживување“

Со други зборови девојките кои се одат на рамни чевли имаат многу посиулно доживување при оргазам од оние кои постојано користат високи потпетици. Идеална висина на вашите штикли за да имате почест и идеален оргазам според Др Мариа Черуто се 4 сантиметри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top