| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола има само една желба за во зимскиот преоден рок

Манчестер Сити во досегашниот дел од сезонава игра одлично, па „граѓаните“ сметаат дека ова би можело да биде сезоната кога ќе го освојат престижниот европски трофеј на ЛШ. Наводно Пеп Гвардиола генерално е задоволен со ростерот, но има само една единствена желба за во јануари.

Каталонскиот тренер на Етихад за засилувања потроши 500 милиони фунти откако седна на клупата на клубот во 2016 година, а последна инвестиција беше Ријад Махрез кој го плати на Лестер 60 милиони.

Според  медиумите на Островот, Гвардиола за јануари ќе се обиде да ангажира само еден играч, младиот Рубен Невес од Вулверхемптон.

Невес е португалски интернационалец кој игра во средината на теренот и има само 21 година. Оваа сезона во 12 настапи во Премиер лигата постигна два гола и запиша една асистенција, но би можел да биде играч за иднината и одлично дополнување на опциите кои Гвардиола ги има на располагање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top