Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека по напуштањето на тимот се чувствувал „изгубен“. Французинот го напушти „Емирати“ на крајот на минатата сезона по 22 години на чело на „топџиите“.
– Се чувствував малку изгубен. Имав слободно време, а тоа никогаш не ми се случило порано. За време на мојот престој во Арсенал, секогаш имав проблеми за решавање, а кога ќе ги решев, ќе се појавеше нов. Следниот натпревар е секогаш целта пред вас. Многу е тешко, но го прифатив како предизвик. Не се чуствувам како да сум се пензионирал од професијата, изјави Венгер.
Шеесет и девет-годишниот Венгер пред некое време објави дека ќе се врати на фудбалот во почетокот на 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст