Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави денеска дека напишал одговори на прашањата на специјалниот обвинител Роберт Малер поврзани со истрагата за врските на неговиот изборен штаб од 2016 година со Русија, но се уште не ги доставил. Трамп на новинарите во Овалниот кабинет им рекол дека оваа недела „многу лесно“ одговорил на прашањата.
– Морате секогаш да бидете внимателни кога одговарате на прашања на луѓе, кои веројатно ги поставуваат со лоши намери. Но, не, рутински одговорив на нив, изјавил Трамп во својот последен критички осврт на истрагата, не наведувајќи кога ќе му ги испрати одговорите на Малер.
Специјалниот обвинител навести дека е подготвен да ги прими писмените одговори на Трамп, но адвокатот на претседателот Руди Џулијани во повеќе наврати изјави дека тој нема да одговори на прашањата на Малер во врска со можната опструкција на правдата.
Трамп и натаму тврди дека е невин и оти воопшто не била потребна истрагата на Малер, за која вели дека е само губење на милион долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст