Александар Зверев стигна до својата втора победа на АТП-шампионатот во Лондон, откако попладнево триумфираше во мечот со Џон Иснер, совладувајќи го Американецот со 2-0 во сетови.
И двајцата тенисери сервираа одлично во првиот сет, кој беше решен во тајбрејк. На крајот пресуди една неизнудена грешка на Иснер, кој го упати топчето во аут, за водство на Зверев од 1-0.
Самодовербата кај младиот Германецот по овој освоен сет дополнително се зголеми, па Зверев успеа да направи и брејк во вториот сет, по што славеше со конечни 6-3, за сигурен пласман во полуфиналето од завршниот турнир. Таму Зверев ќе се сретне со Роџер Федерер, додека Новак Ѓоковиќ без оглед на исходот на вечерашниот меч со Чилиќ е првопласиран во групата, па за противник во полуфиналето ќе го има Андерсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст