| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични за три момчиња од тетовско: Едниот ограбувал, другите двајца му ги откупувале украдените предмети

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.А. (17) од село Озормиште, тетовско, поради постоење онови на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и кривично дело „кражба“, и против Е.Е. (20) од село Ѓермо, тетовско и Н.С. (17) од село Требош, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

Во периодот од 04.09. до 10.09. годинава првопријавениот извршил тешки кражби во црква и автоплац во Тетово. Тој со употреба на физичка сила влегувал внатре и одземал пари, акумулатори и други предмети. Украдените предмети тој им ги продал на второ и третопријавениот, кои знаеле дека тие потекнуваат од кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top