| четврток, 6 декември 2018 |

За „насилствата во Центар“ на Груевски ќе му се суди во отсуство

Со оглед дека неколку дена е во бегство, Кривичниот суд по барање на СЈО одлучи за “Насилствата во општина Центар” на екс-премиерот Никола Груевски да му се суди во отсуство. Обвинителката Фетаи рече дека постојат важни причини рочиштето да продолжи како и досега.

– Се работи за обвинителен предлог пред повеќе од две години за повеќе лица, за дејствија преземени во 2013 година и во текот на расправата треба да бидат испрашани повеќе сведоци, а од друга страна воопшто не е познато кога обвинетиот Никола Груевски ќе биде достапен да му се суди во присуство.

Адвокатот Димитар Дангов пак од судот побара постапката за Груевски да се раздвои. Како што рече Дангов, позната била адресата на која се наоѓал Груевски, па затоа тој не бил бегалец, туку го искористил правото да побара азил, но ова барање беше одбиено.

Дополнително на ова Фетаи побара да му биде одредена мерка притвор на Груевски и за оваа постапка, но по ова ќе се одлучува дополнително откако Судот ќе го добие барањето за одобрување на притвор на пратеник согласно Деловникот на Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top