| четврток, 6 декември 2018 |

Снежно невреме го зафати Њујорк: Снегот ги затвори улиците, сообраќајот во хаос (Видео)

Силното снежно невреме го парализираше Њујорк. Влажниот снег и и силните налети на ветар кршеа гранки од дрва кои го отежнаа сообраќајот, јавија локалните медиуми.

Полицијата им препорача на луѓето да не излегуваат и да ги избегнуваат патиштата.

Поради лошото време, автобусите тешко стигнувале до централната автобуска станица на Мехнетн, што предизвикало голема гужва на станицата.

Доцнеле и вонградските возови, а на мостот „Џорџ Вашингтон“ дошло до верижен судар во кој учествувале неколку автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top