| четврток, 6 декември 2018 |

Украле од сервис камион за собирање ѓубре на „Комунална хигиена“!

Камион за собирање ѓубре на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ е украден минатиот викенд објави „СДК.мк“.

Камионот поради дефект, вработените во претпријатието го однеле на сервис. Поправките кога ќе се расипат возилата траат неколку дена, но дека го нема камионот вработените во сервисот со кој „Комунална хигиена“ склучила договор, забележале на 12 ноември.

– Ни ги крадат кантите, контејнерите или ги кршат за да ги продаваат како старо железо, но да ни се украде возило не се случило. Станува збор за помалите камиони со кои собираме ѓубре низ населбите – велат од ЈП „Комунална хигиена“ за СДК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top