| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан скопјанец кршел и дивеел низ Токсикологија

Скопјанец во алкохолизирана состојба дивеел низ Токсикологија. Инцидентот синоќа во 18.55 часот во Полициската станица Центар го пријавила медицинска сестра од Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Сестрата пријавила дека З.Т., кој бил донесен во алкохолизирана состојба на клиниката, по укажаната помош почнал агресивно да се однесува и да крши предмети.

З.Т. бил приведен во Полициската станица Центар и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top