Новинарскиот бенд „Д Рипортерс“ на конкурс собира песни за нивниот прв албум. Во рамки на акцијата „Солидарност за слобода“, која се реализира со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија,Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Здружението на новинари на Македонија распишаа конкурс за текст и музика за песни на теми поврзани со новинарските, медиумските и граѓанските слободи и права, солидарноста и еднаквоста меѓу луѓето. Конкурсот е отворен од вчера и трае еден месец, до 17 август 2013 година.
-Најдобрите текстови и најдобрите песни ќе ги избере тричлено жири, а тие ќе бидат искористени како материјал за музичкото ЦД „Слобода“ што ќе го издаде ССНМ во рамките на проектот „Солидарност за слобода“, а чијашто цел е создавање на Солидарен новинарски фонд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.