| четврток, 6 декември 2018 |

Ванковска: Глупиот и поглупиот, а на крај сите ние сме глупи што ги трпиме!

Овие се ко од филм излезени: глупиот и поглупиот, а на крај сите ние сме глупи што ги трпиме!, коментира професорката Билјана Ванковска, револтирана по денешната прес-конференција на премиерот Зоран Заев.

„Ја слушав прес конференцијата на ЗЗ. Да се повикуваш на владеење на право и да бараш одговорност на ТУЃА држава, а да уживаш во АПСОЛУТНА неодговорност во својата, е безобразие! Не потфрлила унгарската држава, туку македонските институции, а ЗЗ не само што е окружен со неспособни министри туку и не’ убедува дека без нив не може!?! Не знам дали си одговараат по морал или по интелигенција, или двете!?! ОСТАВКИ! Овие се ко од филм излезени: глупиот и поглупиот, а на крај сите ние сме глупи што ги трпиме!“ – пишува Ванковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top