| четврток, 6 декември 2018 |

Заев вработува советник за социјала, нето плата 50.000 денари

Канцеларијата на Владата објави оглас за вработување на посебен советник за труд и социјална политика во Канцеларијата на премиерот, со нето плата од 50 илјади денари. Работното место е на определено време, а кандидатот треба најпрво да ги исполнува општите услови:

– Да е државјанин на Република Македонија.
– Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казиа забрана на вршсњс професија, дејност или должност.

Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, научно поле: социјална работа и социјална политика; правни науки. Да има најмалку 5 (пет) години работно искуство, од кои најмалку 1 година во областа на социјалната политика, правни работи или заштита на човековите права и слободи. Активно познаваље на англиски јазик.

Дневното работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот. Неделно работно време 40 часа, од понеделник до петок. Како посебни услови за работата во Канцеларијата се предвидуваат: работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон заради извршување на итни и неодложни работи. Паричен износ на основната нетоплата изнесува 50.000 денари.

Рокот за доставувањето на пријавитее до 20 ноември.

Свој коментар околу новиот оглас за вработување во Владата имаше и поранешниот функционер во СДСМ Ивор Мицковски кој остро ја критикува власта.

„Зоки нов советник ќе вработува за 50к, за труд и социјална политика. Мислам дека повеќе ти треба советник за екстрадиција и политика на азил, ама што е еден советник плус-минус на 60 души“ напиша на фејсбук Ивор Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top