| четврток, 6 декември 2018 |

Брнабиќ жали што Милошевиќ не ги убил сите за да ја создаде Голема Србија

Коментарот на Красниќи е по повод вчерашната изјава на Брнабиќ дека во Сребреница не се случил геноцид, затоа што, според неа, „геноцид е кога го убивате целото население, жените, децата, а тоа не се случи“.

– Се чини дека нејзе не ѝ е доволно тоа што српската политика не ги уби сите Бошњаци во Босна и Херцеговина, сите Албанци во Косово, сите Хрвати во Хрватска, за да го нарече геноцид. Да се рече дека таа не знае што е геноцид, тоа е малку веројатно, но и таа како и нејзиниот шеф, претседателот (Александар) Вучиќ, жали што режимот на (Слободан) Милошевиќ не го оствари неговиот план да ги убие сите, мажи, жени и деца Бошњаци, Албанци и Хрвати за да ја создаде Голема Србија, напиша Красниќи.

Тој прашува дали доколку беа убиени сите луѓе од тие нации „Брнабиќ и Вучиќ тоа ќе го наречеа геноцид?“.

– По се изгледа така мислат сите кои се на власт во „демократска“ Србија до денес. Оваа изјава на српската премиерка е застрашувачка бидејќи е изречена во континент кој се гордее со своите консолидирани вредности во однос на човековите права и слободи. Изречена е во една земја која предизвика три војни и геноциди, за кои не наоѓаат сили да ги признаат и да направат едно формално извинување, ниту пак да градат нови односи на комуникација и соработка со нациите на кои им должат многу, вели Красниќи.

Тој забележува и дека ниту кај другите, надвор од Србија, не постои решителност за „осуда на српскиот геноцид“.

– Стравот е уште поголем бидејќи ниту политиките на нациите кои го доживеаја геноцидот (посебно Албанците) ниту светските сили кои треба да го гарантираат мирот и безбедноста во светот, не се решителни во осудата на српскиот геноцид во Косово, Босна и Херцеговина и Хрватска. Напротив, граѓаните на Косово, помалку од два милиони на број, се единствените во овој дел на Европа кои се гетоизирани, напиша Красниќи во коментар кој го објавија приштинските медиуми

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top