Манекенката и актерка Ким Портер (47), инаку поранешна девојка на Паф Деди и мајка на три негови деца, била пронајдена мртва во својот стан во Лос Анџелес. Портпаролката на раперот ја потврдила трагичната вест и замолила да се почитува приватноста на семејството во овие тешки мигови.
Извор за „ТМЗ“ тврдел дека Ким неколку дена била болна од симптоми слични на настинка, а се шпекулира и дека причината за смртта била или грип или воспаление на белите дробови. Официјална потврда за причината за смртта се уште нема.
Според „Пипл“, Деди и Портер и после разводот останале во контакт и имале многу позитивен однос, па нејзината смрт го оставила во шок.
- Веста потполно го уништи. Тој и Ким беа блиски и заедно ги растеа своите деца – изјавил изворот за магазинот.
Раперот и Ким беа во врска од 1993 до 2007 година. Заедно ги одгледуваа синот на Ким од нејзината пртеходната врска, Квинси, и трите заеднички деца, синот Кристијан и блзиначките Далила и Џеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст