| четврток, 6 декември 2018 |

Единствениот дипломиран оџачар во Македонија е жена

Јасмина Атанасовска-Симјаноска е единствениот дипломиран оџачар во земјава. Таа е и архитект,
проектант, професор во СГГУ ГС „Здравко Цветковски“ и води курс за оџачарство, кој неодамна го завршила уште една жена, па Јасмина конечно има колешка во таа професија.
Јасмина дипломирала оџачарство во Загреб, Хрватска, посебна специјализација со многу пракса, со многу учење за загадување, екологија, горива, печки… Можноста за тоа ѝ се укажала при претходна посета на Загреб, за потоа кај нас да се воведе оџачарство како струка во училиште.

Целата приказна прочитајте ја на Факултети.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top