Малкумина знаат дека фолк дивата Светлаба Цеца Ражнатовиќ, влегла во историјата на светкиот фудбал. Тоа останало забележано во актите на УЕФА и ФИФА.
– Прва жена сум, веројатно на планетата, која како претседател и претставник на својот клуб седела на клупа, со стручниот штаб и фудбалерите – раскажала своевремено Цеца во едно интервју, на висина од 8.000 метри во авион по враќање од натпреварот Атлетико Мадрид – Обилиќ одиграни во септември 1998 година.
Во прашање било прво коло на тогашниот Куп на УЕФА Атлетико од Мадрид кој бил подобар од српскиот шампион Обилиќ (2:0, 0:1)
На клупата, како претседателка на клубот седела на три гостувања таа сезона на Исланд, во Германија против Баерн и во Шпанија против Атлетико.
Врвот бил во Мадрид, каде што веднаш по селетување на аеродромот Барас, ја запирале на секој чекор и ја влечеле за ракав.
Во најавите за спектаклот кој се подготвувал на стадионот во “Висенте Калдерон” доминирала Цеца. “Ах, каков претседател”, “Најубав фудбалски водач”, “Спој на убавина и Фудбал”, “Цеца најсакана на балканот” , тоа се само некои од насловите кои доминирале во шпанските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст