| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот снег на Попова Шапка – времето денеска

 

На Фејсбук утринава се појавија фотографии од првиот снег месецов на Попова Шапка.

-Дали зимата ќе ни започне порано од очекуваното, стои во опис на фотографиите на кои се гледа дека планината почнува да белее.

Од УХМР најавуваат дека времето денеска ќе биде малку до умерено облачно со сончеви периоди. Попладне и од југозапад облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот и во текот на ноќта на југозапад ќе има повремен дожд, на планините од повремен снег. Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а ќе дува слаб североисточен ветер. Температурата достигне до 11 степени.

Под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и студено време. Од денес доцна попладне, како и за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во јужните и западните делови од земјава. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет и на планините ќе се формира помала снежна покривка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top