Ана Севиќ доживеала голема непријатност пред неколку дена, кога пред зградата во која живее и пришле тројца мажи со барање да им го плати долгот на Дарко од 30.000 евра, или после Нова година да се иссели од станот.
Во прашање се лихвари од Црна Гора, на кои, сè уште официјалниот сопруг на Ана, им должи пари веќе една година. Со оглед на тоа дека пред него е долго и тешко закрепнување после сообраќајната несреќа која ја доживеа пред три недели, лихварите се свесни дека единствен начин да си ги наплатат парите е да ги изнудат од Ана.
-Ана ја однела ќерката во градинка, а на враќање ја земала жената која и го средува станот и кога стигнале до влезот им се случила непријатност. Три непознати лица и пришле и ја прашале како е Дарко. Ана дрско им од одговорила мислејќи дека се љубопитни. Меѓутоа лихварите тогаш почнале да викаат на неа: „Немој да се силиш, тој нам ни должи пари!Кој ќе ги врати? Кажи му на братот на Дарко да ни се јави, ако не после Нова година тебе ќе те иселиме од станот“, кажал извор близок на пејачката.
Кога сфатила дека состојбата е сериозна, Севиќ се обидела со смирен тон да разговара со нив, да им објасни дека таа не знае кому и колку тој должи, но и дека тие одамна не живеат заедно. Сепак ништо од тоа што го кажала, не вредело.
Тие рекле дека си ги чекаат парите или нема лесно да се ослободи од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст