| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на Токсикологија: Пијан нападнал медициски сестри, пцуел, кршел сè пред себе

Вечерва на Клиниката за токсикологија во Клиничкиот центар во Скопје, пристигнал пациент во алхохолизирана состојба. Медицинскиот персонал веднаш излегол во пресрет и почнал со вообичаените процедури за да му помогне на лице кое се наоѓа во ваква состојба. Но, се би било во ред доколку одеднаш пациентот не започнал да ги бутка сестрите, да се кара и да упатува погрдни зборови кон докторите на смена, едноставно се однесувал недолично, пишува Здравство.мк.

Очевидците на овој настан за Здравство.мк сведочат дека немало кој да го заштити медицинскиот персонал и вработените, ниту некој се појавил во нивна одбрана, туку тие самите на свој начин, како и секојпат претходно до сега пробале да се истргнал од рацете на пациентот и да го стават во состојба на контрола. После 10 минутна драма пациентот конечно се смирил, престанал со буткање на сестрите и докторите, престанал со пцовки и недоличен говор и успеале да му пружат медицинска помош како што доликува во ваква ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top