| четврток, 6 декември 2018 |

Нoво име за Македонија врз основа на правно непостоечки договор

Уставни измени предвидени во преспанскиот договор и сите процеси од него што се спроведуваат се целосно нелегални и неосновани, затоа што договорот е неправосилен: нема указ од претседателот и не е објавен во Службен весник. Ова власта – свесно или не го тргнала на страна. А и мнозинството од медиумите, анализира „Алфа“. 

Владиниот портпарол Бошњаковски денеска не одговори за потписот кој фали, оној од претседателот, па се обиде да релативизира: договорoт имал потпис од Димитров и Коѕијас, иако нивните потписи не му даваат моќ да биде правно жив.

Највисокиот правен акт предвидува оти шефот на државата, а не министерот, како во случајот со Димитров, склучува меѓународни договори. Ова стои во членот 119 од Уставот. Во него, меѓу другото се предвидува дека Владата единствено може да биде потписник – само ако е тоа определено со закон. Но, ниту во законот за надворешни работи, ниту во тој за Влада е предвидена ваква можност за прашања кои директно допираат во Уставот.

Од сето ова произлегува дека спроведувањето на преспанскиот договор е своевидно кривично дело.
Но, очигледно е дека ваквата состојба се игнорира. Па се реализираат промени токму на Уставот баш заради неговата моќ, паралелно со неговото грубо кршење.

Сосема легитимно останува дилемата, ако Уставот се крши грубо, тогаш која е гаранцијата дека нема да се брише името Македонија од химната, на пример? Единствената, засега е владината, повторена неколку пати: „химната нема да се допре“.

Во регионот и пошироко не постои земја која се соочува со ваков правен преседан како нашиот.

Погледнете го видеото на „Алфа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top