| четврток, 6 декември 2018 |

Клиниката за детски болести: Новогодишните чоколадни пакетчиња да се заменат со подароци што не содржат храна

Од Клиниката за детски болести апелираат новогодишните чоколадни пакетчиња за децата кои се лекуваат на Клиниката, годинава да бидат заменети со подароци кои не содржат храна.

-Во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници, сите вие кои традиционално во овој период не посетувате, со убава мисла и подароци за нашите најмили, ве замолуваме, годинава, новогодишните чоколадни пакетчиња да ги замените со подароци кои не содржат храна, се наведува во соопштението од директорката на ЈЗУ Клиника за детски болести, Катерина Ставриќ.

Голем дел од децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести, како што посочува Ставриќ, не се во здравствена состојба која дозволува конзумација на чоколади, бомбони и грицки.

– Затоа, препорачуваме во овој предновогодишен период да ги израдуваме нашите пациенти и да го направиме нивниот престој поубав со малку поинакви подароци, вели Ставриќ и изразува благодарност до сите за хуманоста и желбата да донесат насмевка во болничките соби и ходници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top