Со 400 страници документација македонското Министерство за правда ќе го враќа Никола Груевски од Унгарија.
Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, денеска на прес-конференција рече дека со обемна документација Македонија ќе и објаснува на Унгарија зошто треба да и го врати екс премиерот во постапката за екстрадиција.
-Министерството за правда од надлежните судови ја собира севкупната документација во однос на случајот. Таа ќе биде преведена и доставена до унгарските надлежни органи односно до Министерството за правда на Унгарија. Во документацијата меѓудругото ќе има и образложение зошто Никола Груевски треба да биде екстрадиран во Македонија. Се работи за обемна документација околу 400 страници, но без разлика на бројот на страниците, барањето ќе биде официјално доставено до Унгарија во текот на овие денови, рече Бошњаковски.
Паралелно со ова, се спроведуваат и две постапки во МВР со цел да се утврди начинот на којшто Груевски побегнал од Македонија. Одделот на внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале, а дополнително Секторот за внатрешни работи Скопје го утврдува начинот на бегство, како и евентуално надворешни лица кои му помогнале.
-По завршување на овие две постапки, МВР ќе излезе во јавност со целосна слика како се организирало бегството на Груевски, истакна Бошњаковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст