| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај Виница: Момче со „Пежо 206“ излетало од патот, возилото се запалило

Вчера попладне околу 19 часот, на регионалниот пат Виничка Крстосница- Виница, патничко возило „Пежо 206“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (21) од Виница, излетало од коловозот, по што се запалило.

Пожарот бил изгаснат од Територијалните противпожарни единица Кочани и Виница. По незгодата, возачот Д.С. бил пренесен во Клиничката болница во Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top