Французинот од редовите на Баерн Минхен, Франк Рибери, му се извинил на новинарот Патрик Гиј поради вербалниот и физичкиот напад по дербито во Дротмунд, кое Баварците во саботата го загубија со 3-2.
Францускиот новинар, кој според пишувањата бил добар пријател со играчот на Баерн, рекол дека Рибери е директно виновен за два гола што ги примил Баерн. Потоа фудбалерот му удрил три шлаканици и еднаш го удрил во градите.
Клубот уште изминатиот викенд го потврди инцидентот со соопштение дека раководството работи на решавање на проблемот. Француските медиуми објавија дека Гиј бил на разговор во Минхен и дека лично добил извинување од Рибери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст