Во Порта Македонија денеска ќе биде отворена изложбата „Народните носии низ објективот на Тошо Дабац“.
На изложбата ќе бидат изложени фотографии со мотиви од народни носии од различни краеви на Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и други земји од регионот, кои се во сопственост на Музејот на современа уметност во Загреб.
Изложбата се реализира во соработка со Културниот центар Травно и Работилницата за заштита и изнајмување на народни носии од Загреб, а е поддржана од Министерството за култура на Хрватска.
Тошо Дабац (1907-1970) е познат хрватски и светски фотограф и еден од основачите и еден од главните претставници на таканаречената Загребска школа на уметничка фотографија. Во долгогодишната кариера има оставено зад себе повеќе од 200.000 фотографии, а негов најголем фокус била социјалната фотографија преку мотивите на животот на улица, питачи, народ на улица, циркузанти, панаѓури, процесии и сл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст