| четврток, 6 декември 2018 |

Заев во Софија на Самит и средба со Борисов

 Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во Софија, Република Бугарија каде ќе учествува на StartUp Europe Summit.

На Самитот е најавено учество на премиери од Западен Балкан, како и комесарката за дигитална економија и општество во ЕК, Марија Габриел.

За време на престојот во Бугарија, премиерот Заев ќе одржи средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top