| четврток, 6 декември 2018 |

Партијата Фидеш: Груевски е гонет и трпи закани од страна на левичарска влада која ја предводи Џорџ Сорос

Балаш Хидвеги, висок претставник на унгарската владејачка партија Фидеш, изјави дека Никола Груевски во Македонија бил жртва на политички прогон, а Унгарија има обврска да им даде засолниште на тие што се навистина гонети во нивните матични земји.

– Груевски е гонет и трпи закани од страна на левичарска влада која ја предводи Џорџ Сорос. Во некои социјалистички земји во Европа, како во Малта, убиваат новинари. Во други, и се закануваат на политичките противници, изјави Хидвеги, пренесе „Унгарски журнал“.

Изјавата на Хидвеги доаѓа откако унгарската Влада потврди дека Груевски побарал азил, и дека, од безбедносни причини, му било дозволено ова барање да го поднесе во Будимпешта. Согласно унгарскиот закон, институциите официјално нема да објавуваат дополнителни податоци додека не се донесе одлука за барањето на Груевски.

Од друга страна, политичките противници на Фидеш, националистичката партија Јобик и левичарската Демократска коалиција, побараа на Груевски да му биде одбиено барањето за азил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top