Актуелниот шампион на Македонија, Работнички во пријателски натпревар го совладаа со 127-122 комбинираниот тим на американската Џеј-Би-Еј лига (JBA), која вечерва гостуваше во „Градскиот парк“. Ова беше прв пораз на Џеј-Би-Еј селекцијата по серија од 12 победи.
Позади Џеј-Би-Еј лигата стои Лавар Бол, татко на играчот на Л.А. Лејкерс, Лонзо Бол, а во тимот играат неговите браќа – Ламело и Лианџело. Во неа настапуваат талентирани кошаркари кои не сакаат да влезат во системот на НЦАА
Во составот на Американците вечерва беше само Лианџело Бол, додека најмладиот од тројцата браќа, Ламело, поради повреда го пропушти дуелот.
Американците во Скопје дојдоа како дел од големата светска турнеја, при која ќе посетат уште 19 држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст