| четврток, 6 декември 2018 |

Еврокомисијата им предложи на членките на ЕУ да го одобрат договорот за Брегзит

Европската комисија вечерва му предложи на Европскиот совет да го одобри договорот постигнат во преговорите за истапување на Велика Британија од ЕУ.

– Велика Британија и Европската Унија направија решавачки напредок во разговорите за Брегзит, наведе претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во писмото со кое им препорачува на земјите членки на ЕУ да го одобрат договорот за Брегзит.

Како што јави ДПА, писмото на Јункер беше објавено накусо откако британската премиерка Тереза Мај во Лондон објави дека нејзината Влада го поддржала предлог-договорот за Брегзит.

Во меѓу време, главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние во Брисел накусо ја претстави содржината на постигнатиот договорот.

Со него се предвидува Велика Британија во Буџетот на ЕУ да ги уплати обврските за кои се изјаснила во рамки на институциите на Унијата и е утврден преден рок по Брегзит во траење од 21 месец, односно до 31 декември 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top