Во сообраќајна несреќа се случила синоќа во скопската населба Ново Лисиче, учесниците поминале без повреди, ама потоа се пресметале со тупаници.
Според полицијата вчера околу 19.30 часот, на улицата „Видое Смилевски – Бато“ се судриле возило марка „рено меган“ и мотор. Според полицијата во несреќата не бил повреден никој, но револтираниот возач на автомобилот, го истепал возачот на моторот 31 – годишниот Д.С. од Скопје.
Според полицијата Д.С. поминал со помали повреди, односно само со модрици по главата и телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



