| четврток, 6 декември 2018 |

Мират од серијата „Нашата Дениз”е во брак со позната турска актерка (Фото)

Во турската серија „Нашата Дениз“која ја гледате на Сител Телевизија, тој ја игра улогата на Мират кој сака да им помага на луѓето.

Но, во приватноста тој и всушност не е актер, туку композитор, поп-пејач и текстописец.

Попознат е под уметничкото име Кутси,а неговото вистинско име е Ахмет Кутси Кардоган, имиња кои ги добил по турски писател.

Роден е во 1973 година и пораснал во Анкара, има издадено осум студиски албуми, а играл улоги во три турски серии досега.

Тој инаку е во среќен брак во приватниот живот, а неговата сопруга е познатата турска актерка Фејза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top