| четврток, 6 декември 2018 |

Никој од обвинетите не треба да одговара за постапките на другите обвинети во случаите на СЈО

Немоќ, ароганција или освета на институциите? Сите обвинети во случаите на СЈО редовно се јавуваат на сите рочишта, ги почитуваат изречените мерки на судот и со ниту една постапка не продонеле за нивно протворање, а уште помалку секој посебно е виновен за постаките на другите обвинети во случаите

Пресумпција на невиност, а не притворање по секоја цена и за секој случај на обвинети во случаите на СЈО. Што се промени во однесувањето на обвинетите во случаите на СЈО откако го нема Груевски и како преку ноќ нивното обезбедување стана неизвесно за судот и обвинителството? Обвинетите во случајот „Титаник“ и утрово уредно се јавија на рочиштето заканажно во Кривичниот суд. Отсуствуваа приведените Миле Јанакиески и Кирил Божиноски и првоосомничениот во случајот Никола Груевски. Судечкиот судијата не бил известен за притворот, доцна дознал, па не испратил барање до затворот за спровод на притворениците. 

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски ноќеска беа приведени и пренесени во затворот „Шутка”. Одлуката за приведување ја донел Кривичниот суд на барање на Специјалното јавно обвинителство. Ниту судиите ниту адвокатите на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски не знаеле дека тие од синоќа по барање на Специјалното обвинителство се во притвор во истражниот затвор.  

Обвинителката Ленче Стефанова по одложувањето на судењето за случајот „Титаник“ денеска пред Кривичниот суд изјави дека СЈО добило оперативни сознанија дека Јанакиески и Божиновски се подготвувале да избегаат на истиот начин на којшто избегал и Никола Груевски.

Околностите во кои се случи приведувањето на Јанакиески и на Божиновски се сомнителни поради неколку причини.

По веста дека Груевски бара политички азил во Унгарија, јавноста изврши силен притисок врз институциите за преземање одговорност, но наместо одговорност, во текот на вчерашниот ден гледавме префрлање на топката меѓу одговорните: МВР, Кривичниот суд и Специјалното јавно обвинитество. Притворањето на Јанакиески и Божиновски на крајот на денот доаѓа како очајнички обид на институциите да се оттргнат од притисокот на јавноста, но никако професионално спроведување на обврските.

Јанакиески и Божиновски биле во своите домови и се извлечени од кревет во пет часот трово. Но, дали луѓе кои се подготвуваат да избегаат ќе ја чекаат полицијата дома во пижами?

Не треба да се превиди, исто така, дека сите обвинети во случаите на СЈО редовно се јавуваат на сите рочишта, ги почитуваат изречените мерки на судот и со ниту една постапка не продонеле за нивно протворање, а уште помалку секој посебно е виновен за постаките на другите обвинети во случаите.

Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски и поранешниот генсек на владата објаснуваат дека одредениот притвор е нелогичен бидејќи Јанакиески и Божиновски се јавувале на сите рочишта, а досега можеле да избегаат доколку сакале, во безброј наврати. Нема сомневање дека одлуката за притвор е донесена под притисок на власта.

Последен пат контактирале со клиентите вчера попладне и ништо не навестувало на бегство.

-Никој не е известен да во однос на таквиот предлог може да се произнесе како предлог за определување на мерка притвор. Сите сте сведоци дека господинот Миле Јанакиески, барем јас верувам дека беше присутен во судската зграда повеќе од поголем дел на судиите којшто работат во Судот, присуствувајќи на расправите во Судот, што не може да се смета како основ за бегство или негово подготвување за бегство, изјави денеска адвокатот на Јанакиески Еленко Миланов.

Одлуката на Груевски ја осудија неколку обвинети во случаите на СЈО, но и ВМРО-ДПМНЕ.

Адвокатот Миланов: Власта е бесна, им се осветува на останатите обвинети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top