Последнопласираниот тим во англиската Премиер лига, Фулам ги отпушти менаџерот Славиша Јокановиќ, а на неговото место го доведе Клаудио Раниери.
Фулам минатата сезона воден од Јокановиќ го избори враќањето во Премиер лигата по четири сезони минати во второто според квалитетот англиско натпреварување, но само едната победа и петте освоени бодови во првите 12 кола го натерааа претседателот на клубот Шахид Кан на промени.
– Не очекував дека ќе морам да ја направам оваа промена, но сметам дека таа е исправна и дека е вистинското време за неа, објави Кан.
Искусниот италијански фудбалски експерт, 67-годишниот Раниери, најголемиот успех во кариерата го оствари во сезоната 2015/16, кога го водеше Лестер Сити до сензационалната титула, прва во историјата на клубот, првак на Англија. Но, само неколку месеци подоцна доби отказ во Лестер поради слабиот почеток на следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст