| четврток, 6 декември 2018 |

„Ју ту“ го одржа последниот концерт во кариерата?

Дали е можно светски познатата рок група „Ју ту“ да го одржа последниот  концерт во кариерата? Синоќа во Берлин, Германија беше затворена турнејата „Experience + Innocence 2018” на која беше промовиран последниот албум на ирскиот бенд „Songs of Experience“.

Последниот концерт на туренјата Боно го затворил со алузивната изјава „Долго време сме на сцената, наскоро ќе се навршат 40 години, а последните четири години навистина беа посебни. Сега заминуваме…“

Неговата изјава ја пренесе твитер профилот @U2gigs  кој најверојатно ги следи сите концерти на бендот. Изјавата предизвика паника по твитер, па обожавателите почнаа да нагаѓаат дали ова би можело да биде најава за распаѓање на групата која е активна од 1976 година. Прашање е само дали е ова реално или само погрешно протолкувана изјава.

U2gigs се обиде да ја смири ситуацијата објаснувајќи дека истата работа се случува на секоја турнеја, посебно на последниот концерт од турнејата кога се шпекулира дека групата ќе се распадне.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top