Во две акции кои рано утрово ги спровела полицијата во гостиварскиот регион, откриени се 42 лица кои непријавено работеле и престојувале во земјава. Повеќето се надничари (економски емигранти) кои најчесто се ангажираат по градилишта, фарми и физички работи.
Според СВР Тетово, по приведувањето лицата ќе бидат распрашани и ќе се утврдува како дошле во земјава и дали некои од нив се сторители на кривични дела за време на нивниот престој во Македонија.
Уутрово од четири до седум часот, во Гостивар е спроведена контрола за откривање странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето или го злоупотребуваат туристичкиот престој. Во акцијата биле проверувани неколку објекти на улиците „Беличица“ , „Мара Угринова“, „29 Ноември “, и „Борче Јовановски“. Откриени и приведени се 14 албански држвјани на различна возраст од 17 до 57 години.
Ваква акциска контрола е спроведена и во гостиварските села Чајле, Форино, Чегране, Неготино-Полошко, Дебреше и Добридол при што се откриени вкупно 28 албански државјани со нерегулиран престој во нашата земја, а поради што се приведени во Полициската станица Гостивар.
Приведените се нешто подоцна предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и радмисија за натамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст