Принцот Чарлс ги прослави својот јубилеен 70. роденден. По тој повод, британското кралско семејство објави неколку фотографии од семејниот албум.
На две од фотографиите, принцот од Велс позира покрај сопругата Камила, принцот Хари со војвотката Меган и принцот Вилијам со војвотката Кетрин и нивните три мали деца.
5-годишниот принц Џорџ седи во скутот кај дедо си Чарлс, слатката принцеза Шарлот седи покрај војвотката Камила, додека најмалиот член на кралското семејство, принцот Луи, е во рацете на мајка си Кетрин.
Претходно беше објавена и фотографија на која Чарлс се забавува со малиот принц Луи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст