| четврток, 6 декември 2018 |

Фрчко го кара Политико: Не ги брани, поќути, ја ус*аа работава

Иако ги сакаме нашиве, ова крајно лошо го направија, со доза жалење и тага констатира стратегот на СДСМ, професорот и поранешен министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски. Во Фејсбук преписка со мегафонот на Заев, Саше Политико, Фрчкоски констатира дека МВР е неспособно, а таа неспосбност ќе се одрази и на евроинтеграциите на Република Македонија.

Фрчкоски вели дека МВР по службена должност требало да го спречи експремиерот Никола Груевски да ја напушти државата.

 

„Како сакаш врти, МВР се усра целосно и не сфаќа какви последици ќе има ова. Ова нема да заврши добро иако ги сакаме многу нашиве. Ова крајно лошо го направија“, му објаснува Фрчкоски на Ивановски и го советува да закочи и да поќути за промена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top