„Хеви хитерс“, калифорниска компанија која се занимава со производство на полнење односно масло за електрични цигари, бара 20 амбасадори.
Имено, луѓето што ќе ги вработат имаат задача да патуваат низ целиот свет и да пушат марихуана.
Амбасадорите ќе треба да ги промовираат производите на оваа компанија на серија настани низ светот и преку социјалните мрежи. Додека бројот на следбениците на социјалните мрежи не е предуслов за добивање на работата, популарноста на „Инстаграм“ сигурно може да помогне.
Амбасадорите ќе бидат платени 1.200 долари месечно и ќе добиваат по 500 долари месечно за производите на „Хеви хитерс“.
За пријавата е потребно да се сними едноминутно видео за себе, во кое кандидатот објаснува зошто е многу посебна и совршена личност за промоција на нивните производи, потоа да го објави видеото на Јутјуб и на Инстаграм и да ја пополни пријавата на официјалната страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст