Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) добива најмногу поплаки за квалитетот на услугите од операторите, но тие проблеми ќе се надминат со новата мерна опрема што ја набавува ова регулаторно тело и ќе ја користи од 15 април годинава, изјави вчера директорот на АЕК, Роберт Орданоски.
– Има доста поплаки во однос на квалитетот на сервисот што го нудат операторите. Купувате Интернет во кој имате една брзина, но немате можност да ја проверите таа брзина и да докажете дека не е во согласност со договорот. Од 15 април, кога ќе почне да се применува новиот правилник за квалитет на сервиси, што беше донесен на 15 септември, а за кој операторите добија преоден период за да ги подобрат своите мрежи, ќе нема можност за корекција. Нашите служби ќе бидат присутни постојано на терен и сите овие поплаки ќе ги решаваат – тврди Орданоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


