Поминаа две години и два месеци откако Врховниот суд ги поништи пресудите за поранешниот премиер Владо Бучковски, а предметот за набавката на тенковски делови го врати на ново судење во Кривичниот суд.
Во деновите додека траеше апсењето на поранешниот премиер Никола Груевски, намерно или ненамерно, порталот Сигнал.мк пушти информација дека „додека јавноста се замајува со апсењето на Никола Груевски, Врховниот суд го ослободува Бучковски“.
Веста е преземена од порталите и е објавена со истите печатни грешки како кога била објавена изворно, а потоа ја преземаа и ја објавија како нова вест повеќе портали.
Дека информацијата е лажна, односно стара две години за Репоублика потврди и поранешниот премиер Владо Бучковски.
„Информацијата е бајата. Одлуката на Врховен е донесена на 30 септември 2016 годна“, изјави Бучковски за Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст