| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо оставки, силење врз другите обвинети: Притворени Јанакиевски и Божиновски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, ноќеска се приведени и пренесени во затворот „Шутка”.

Одлуката за приведување ја донел Кривичниот суд на барање на Специјалното јавно обвинителство.

Јанакиески и Божиновски се обвинети во неколку предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.

Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил.

Груевски во петокот требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казан за случајот „Тенк”. По него е распишана меѓунардона потерница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top